Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сомнителниот пациент кој вчера вечер беше примено на Инфективната клиника во Скопје, после извршените тестови се потврди дека нема коронавирус, пренесуваат од Министерството за здравство.
Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.
Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно со утврдениот протокол.
Од министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од вчера се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.