Каков лудак: Овој опасен маневар го чинеше шест месеци затвор (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Камионџија направи погрешно свртување на автопат во Стафордшир, Англија, но решил оваа грешка во правецот брзо да ја поправи со сериозно опасно полукружно свртување среде целиот сообраќаен метеж на автомобили кои со големи брзини се движеа по автопатот.

Овој опасен маневар кој камионџијата го направи на 21 јануари, го чинеше шест месеци затвор.

Шокантната снимка од камерата за набљудување покажуваат огромен камион кој се свртува во погрешна насока на автопатот, додека десетици автомобили возат со голема брзина. На видеото, исто така, се слуша како зборува портпаролот на полицијата, „Замислете го ова наутро додека патувате“.

Британски „Метро“ пишува дека покрај шест месеци затвор, овој возач добил и 15-месечна забрана за возење. За среќа, никој не е повреден во инцидентот.