Култниот рокер Ози Озборн поради тешка болест ја откажа турнејата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Британскиот рок музичар и бивш прв човек на хеви-метал бендот „Black Sabbath“, славниот Ози Озборн, ја откажал цела северноамериканска турнеја за да оди на лекување од Паркинсоновата болест во Швајцарија.

Турнејата No More Tours 2 по Северна Америка била предвидена како продолжување на концертите одржани минатата година. Иконата на метал музиката наместо тоа времето ќе го искроисти за лекување во Европа, после недамнешната објава дека се бори со Паркинсоновата болест.

„Благодарен сум им на сите на трпението, имав навистина лоша година. За жал на лекување во Швајцарија доаѓам дури во април, а ќе трае шест до осум недели. Не сакам сега да ја започнувам турнејата и подоцна да откажувам концерти во последен час бидејќи тоа не би било фер кон фановите. Повеќе сакам сега да ги добијат парите назад бидејќи знам дека секој кој купил влезница ќе купи повторно за новите термини“, стои во службеното соопштение.