Не е измама: Дали знаете зошто ќесичките со чипс никогаш не се полни до врв?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сигурно барем еднаш кога сте отвориле ќесичка со чипс, сте се запрашале зошто е толку празни, а многу веројатно и малку сте се изнервирале за таквата наводна измама и кражба од страна на производителот. Наместо ќесичка полна со чипс, секогаш добиваме ќеса полна со воздух и помалку од половина чипс на дното.

Но, вистината е дека не станува збор за никаква измама од страна на производителот. Во ќесичката има малку чипс бидејќи ќесата е секогаш голема за да има повеќе воздух во неа. На тој начин чипсот се заштитува од оштетување и кршење за време на транспортот. Знаеме дека при транспорт често се случува доставувачите да не внимаваат како ги пренесуваат намирниците, па ако не е полна со воздух кесичката, многу е веројатно дека ќе добиете ронки со вкус на чипс.

Но тоа не е сè. Всушност, кесите чипс не се полнат со обичен воздух, туку со разреден азотен гас, кој помага во одржување на свежината на чипсот. Се работи за гас кој е сосема безбеден при производството на храна.