Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 12 февруари тимот рисаџии од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража. Eдинката е здрава женка, веројатно на возраст од 2–3 години, тешка 15 kg.
Ова е втора рисица (по Маја) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите лоцирања со помош на GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4–5 дена.
Честа да ја именуваат рисицата им припадна на ловџиите од ловечкото друштво „Сокол-З“, кои одлучија оваа убавица да ја крстат Нарциса. Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород!