ФФМ ги одреди цените за мечот со Косово


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше одредена цената на билетите за историскиот меч со Косово.

Полуфиналниот бараж со Косово ќе се игра на 26 март во Скопје, а билетите ќе бидат по цена од 300 и 400 денари.

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“.

Заинтересираноста за овој историски меч е голема бидејќи Македонија ќе брка виза за пласман на Европското првенство 2020 година.

Исто така Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21. март 2020. година во Скопје во хотелот „Александар Палас“.