„Ова е вистинско Porsche!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Top Gear го подложи на тешко тест возење електричниот автомобил на Porsche, електричниот болид Taycan.

Крис Харис остана без коментар откако го стегна педалот за гас на моќниот Taycan. Тестирањето не започна добро, затоа што на почетокот, новинарот иронично заклучи дека Porsche претставил турбо без турбо.

Но, штом почна возењето, работите тргнаа далеку подобро. По неколку забрзувања, имаше и пресврти, како и заклучок кој што сите го очекуваа: „Ова е вистинско Porsche! “ извика воодушевениот новинар.

И колку навистина беше брз, провери Стиг. Совршениот круг го помина со време 1: 17,6 што е подобро од Bugatti Veyron, Ferrari Enzo и  Koenigsegg CCX.