Изгледа не бил тој незгодниот: Амбер му вреска на Џони – „не те боксував, само те шамарев“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Своевремено, славната холивудска актерка Амбер Херд, го обвинуваше својот сега бивш сопруг, Џони Деп, за семејно насилство, за тоа дека ја тепал додека биле во брак и упати серија други обвинувања против актерот.

Но, сега е објавена аудио снимка која веројатно го докажува токму спротивното – дека не бил Деп незгодниот во врската и бракот кој вика, мава и тепа. Оваа ослободувачка аудио снимка целосно ја трга вината од Џони, кој се најде на мета на вербални медиумски напади, омаловажувања, па дури и повици да му бидат прекинати сите актерски ангажмани од страна на филмските студија.

Потсетуваме, своевремено Херд, во изјава за „Дејли Мејл“, детално ја опиша наводната кавга и тепачка која се случила во мај 2016, после која решила да се разведе од Џони Деп. Сведочењето на Хард датира од август истата година, а вчера го објавија американските медиуми. Таа во друштво на својот и на неговиот адвокат се потсети на исказот даден како дел од процесот на развод. Во видеото раскажува дека Деп ја влечел за коса и и го скршил телефонот од лицето.

Ианку, Деп ја тужи поранешната сопруга за 50 милиони долари, тврдејќи дека го наклеветила со кажување во јавноста дека ја малтретирал, а оваа снимка е еден од доказите во овој случај.