Соларен робот ќе ги чува загрозените носорози од истребување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголемиот национален парк во Јужна Африка поседува модерен робот со скриен систем на радари, камери и сензори, со цел што подобро и поефикасно да ги заштити загрозените носорози.

Роботот се напојува со соларна енергија и треба да помогне во зачувувањето на популацијата на носорозите , кои се пред изумирање.

Проблемот се појави со зголемувањето на бројот на туристи кои го посетуваат Националниот парк Кругер со цел да се запознаат со природното живеалиште на носорози. Проблемот е решен со систем за набљудување што прави разлика помеѓу движењето на животните и луѓето. Се заснова на технологијата на инфрацрвени сензори кои откриваат присуство на ловокрадци во текот на ноќта и ги информираат чуварите за нивното присуство.

Роботот е висок околу 3,6 метри и се нарекува „ Postcode Meerkat “ (поштенски код Меркат). Името го добил по изворот на финансирање – парите беа обезбедени благодарение на лотаријата со поштенски броеви ширум Европа. Вториот дел од името се однесува на цицачите Меркаат, вид кој живее во јужна Африка. Тие се движат во големи семејни групи и се бранат од предаторите со карактеристичен став на задните нозе.

Во текот на 2018 година, околу 15 милиони туристи ја посетија Јужноафричка Република, при што приходот од туризам достигнал околу 8 милијарди американски долари. Кругер во фискалната 2016/2017 година. беше домаќин на околу 1,8 милиони посетители. Прогнозите велат дека бројот на гости ќе се зголеми двојно до 2029 година. Љубителите на природата доаѓаат да ги видат живите бизони, слонови, леопарди и лавови.