Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Александра Новикова, водителка на една локална телевизија на Камчатка, направила грешка при читањето на вестите по што следело неконтролирано смеење.
За среќа, вестите не биле емитувани во живо, а видето со нејзината реакција кое било дополнително објавено станало вистински хит, но истото изнервирало и одредени гледачи.
Таа погрешно ја прочитала веста за зголемување на трошоците за социјална заштита, велејќи дека примачите ќе добијат дополнителни 500 рубљи за „меѓународни патувања”. Во оригиналниот извештај за зголемување на додатоците за инвалиди и воени ветерани пишувало дека бил предвидени 500 рубљи за патување на пациентите до центрите за лекување.
Токму зборот „меѓународни” наместо „градски” предизвикал неконтролирано смеење кај водителката.