Арапите растураат во БиХ: Само околу Сараево купија 15 милиони квадратни метри земјиште


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Богатите арапи од неколку арапските земји масовно и на големо купуваат земјиште и друг недвижен имот во Босна и Херцеговина.

Досега само во поширокиот регион на Сараево стекнале сопственост над повеќе од 15 милиони квадратни метри земјиште и стотици станови, објави Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН).

Недвижностите кои само во општината Сараево фактички ги поседуваат државјани на земји од Блискиот Исток и северна Африка се со големина од 2.150 фудбалски терени, а станува збор за 15,3 милиони квадратни метри земјишни парцели, додека помал дел од површината се однесува на 524 стана, објави ЦИН, специјализиран за известување за состојбата во правосудството и за имотни прашања.

Сиот тој имот во изминатите седум години биле препишани на 160 компании чии сопственици се државјани на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Сирија, Египет, Либија и други земји.

Тие во БиХ основале компании за преку нив да купуваат недвижности и така да ги заобиколат законските решенија кои на странските државјани им забранува поседување недвижности во БиХ ако нема реципрочен договор со државата од која доаѓаат.

ЦИН потсетува дека „навалата“ на недвижностите во БиХ почнала во 2012, истакнувајќи дека тоа бил очигледно одѕив на арапските купувачи „на повиците на некои босанскохерцеговски политичари“. Масовното купување, според податоците со кои располагаат нотарите задолжени за склучување на купопродажните договори, траело цело четири години за потоа да стагнира.

Арапските инвеститори најчесто купувале земјиште во руралните области најавувајќи изградба на туристички населби со вили, додека во градските области купувале земјиште за изградба на повеќекатници и хотели.

Истражување на Службата за работи со странци на БиХ од 2015 покажало дека од 691 истражена компанија, кои се главно во сопственост на Арапи, дури 469 не биле на пријавените адреси. Истражувањето покажало дека и 158 сопственици на компаниите воопшто немале регулиран престој во БиХ.

До почетокот на февруари 2019 во Федерацијата БиХ биле регистрирани нешто повеќе од 1.600 компании во сопственост на државјани на арапски земји.