Тешки моменти за Конгресот на мобилни технологии во Барселона – гиганти откажаа присуство поради коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дел од светските технолошки гиганти откажаа учество на најголемиот саем за мобилни технологии кој ќе се одржи во шпанската метропола.

Најголемиот јапонски безжичен оператор НТТ Докомо, компаниите „Сони“ и „Амазон“ се последни во низата компании кои се повлекоа од учество на најголемиот конгрес на мобилни технологии што ќе се одржи во Барселона поради коронавирусот.

Досега шест компаниии се повлекоа од учество на Mobile World Congress (MWC 2020) на кој лани присуствуваа 100.000 луѓе, а беа организирани 2.400 изложби.

Јужнокорејската компанија „ЛГ“ и шведската компанија „Ериксон“ претходно потврдија дека нема да учествуваат. Од „Сони“ најавија дека ќе учествуваат преку видеоврска.

„Со оглед на тоа дека придаваме голема важност на сигурноста на нашите купувачи, партнери, медиуми и вработени, донесовме тешка одлука да се откажеме од изложување и учество на овогодишниот Mobile World Congress (MWC 2020)“, соопштија од „Сони“.

Организаторите најавија дека на ниту една компанија од кинеската провинција Хубеи нема да ѝ биде дозволено учество, додека посетителите од Кина ќе мора да докажат дека биле надвор од Кина две недели пред доаѓањето во Барселона.

Кинеските компании „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ ќе учествуваат на конгресот.