Huawei го подели Западот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светската економско-техонолошка ситуација која во центарот на интересот го има технолошкиот гигант Huawei ги подели западните земји во однос на ставот за статусот на компанијата на нивниот технолошки пазар.

Земјите што ги забранија производите од кинескиот телекомуникациски гигант Huawei сочинуваат повеќе од една третина од светскиот БДП. До крајот на 2019 година, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Тајван и САД донесоа одлука за забрана и исфрлање од употреба на производите на кинеската компанија во рамките на нивните мобилни мрежи. Во меѓувреме, Британија ѝ забрани на компанијата да учествува со основни делови за технологијата 5G, со што го намали уделот на Huawei во новата британска мрежа на 35 отсто, наведува „Блумберг“.

По потегот на Британија, остана само уште една земја од англофонската разузнавачка алијанса да донесе одлука за забрана. Станува збор за Канада, која допрва треба да се изјасни за потенцијалната забрана. Од друга страна, Германија и Франција соопштија дека ќе ги засилат безбедносните мерки за одбрана против можно шпионирање на комуникациските канали од страна на „Хуавеи“. Истовремено, неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска, Шведска и Белгија, се двоумат за забраната. Директната забрана може да биде тешко спроведлива во Европа, каде што „Хуавеи“ снабдува една третина од телекомуникациските системи, пренесува Нова Македонија.

Од друга страна, владите на Италија, Аргентина, Бразил и на Русија соопштија дека нема да се обидат да ја ограничат улогата на кинеската компанија.