Австриски уролог сексуално злоупотребувал 109 момчиња – се соочува со 15 години затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Австралиски уролог во период од речиси 20 години сексуално злоупотребувал 109 момчиња, се истакнува во обвинението кое е поднесено против него.

Четириесет жртви имале помалку од 14 години, според обвинителството во северниот австриски град Велс. Сите жртви биле пациенти на 57-годишниот уролог.

Педофилијата на лекарот е сериозно ментално нарушување, се вели во извештајот од вештачењето, кој е изготвен за обвинителството, со барање обвинетиот да биде во затвор за криминалци со психичко нарушување.

Обвинетиот доктор може да добие до 15 години затвор. Обвиненијата вклучуваат сериозна сексуална злоупотреба, поттикнување на други да создаваат детска порнографија и дистрибуција на канабис на малолетни лица.

Обвинителството претходно соопшти дека лекарот ги убедувал младите пациенти дека злоупотребата е нормален дел од тестовите.

Покрај тоа, тој им давал мала сума пари и им покажувал на момчињата порнографски филмови во неговиот дом, каде што, освен во неговата канцеларија, ги злоупотребувал.

Злоупотребите за кои што е обвинет започнале во 2000 година и траеле до јануари минатата година.

Случајот излезе на виделина откако една мајка излезе во јавноста со обвинение дека лекарот на нејзиниот син започнал да го злоставува кога момчето имало 13 години.