Со месеци земал плата од „Дрисла“, а живеел во Австралија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првичната ревизија на работењето на скопската депонија „Дрисла“, меѓу другото, откри дека еден од вработените во скопската депонија „Дрисла” со месеци живее во Австралија, а од „Дрисла“ земал плата како редовно да доаѓа на работа. Ревизијата е направено откако Град Скопје ја презеде под своја надлежност од концесионерот италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

При проверката на финансиските движења, исплатите на плати и бројот на вработени, било констатирано дека еден вработен повеќе од три месеци не доаѓал на работа, а се водел дека е на годишен одмор. Извори од депонијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека новиот директор Коста Начевски веднаш побарал објаснување како е можно овој вработен да користи со месеци одмор кога на ниту еден вработен не му следуваат толку денови годишен одмор. Веќе наредниот ден вработениот му испратил порака на директорот дека морал да остане во Австралија толку долго бидејќи помагал во гасењето на пожарите кои ја зафатиле земјата. Тој уште истиот ден добил отказ бидејќи без покритие со месеци не се појавил на работното место.

Градоначалникот Петре Шилегов во средата кажа дека лично тој побарал внатрешна ревизија за да се видат сите движења на финансиите, бидејќи дел од тие финансии биле и јавни во изминативе девет месеци откако беше поништена постапката за концесија.