Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според ексклузивните информации кои ги пласира„Ел Чирингуито“, Меси поставил бескомпромисен услов на Барселона: „Претседателот Бартомеу или јас!“, пренесува Спортски.мк.
Изгледа дека ситуацијата во Барселона може да ескалира до тоа ниво најдобриот играч и капитен на тимот да го уцени клубот на радикален начин. Ако му веруваме на „Ел Чирингуито“ кој често пати знае да донесе ексклузива која подоцна ќе се покаже како точна Меси донел конечна одлука и тешко дека некој ќе го убеди да отстапи од своите услови.
Шпанците пренесуваат дека Бартомеу вчера се обидел да ги смири Абидал и Меси. Тоа не поминало. Абидал и понатаму има доверба од раководството и тоа е главната причина поради која Меси се одлучил да биде радикален.
💥 MESSI: BARTOMEU O YO.
Lo estamos viendo en #JUGONES. pic.twitter.com/MODcTMO27c
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 6, 2020
Меси сака нови избори на кои Бартомеу би бил сменет, а потоа и Чави да биде доведен за тренер.
Дека Меси е навистина лут покажува и тоа што одлучи јавно преку Инстаграм да го критикува Абидал за изјавата во која истакна дека играчите биле одговорни за смената на Валверде.
Дека на Меси му е доста пишуваше и „Марка“:
„На почетокот на сезоната изјави дека сака да ја заврши кариерата во Барселона, но го промени мислењето. На Меси му е доста од вакви ситуации во клубот, најмногу го мачи спортската политика. Тој соопшти дека сака здрав спортски проект, но него го нема. Клубот немаше никаков одговор на повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле. Некој очигледно не си ја работи својата работа. Оваа зима заминаа четири играчи, а никој не беше доведен. Во текот на летото се преговараше за Нејмар, но клубот и таа работа не ја заврши. Меси ретко покажува чувства, но луѓето во клубот кажуваат дека неговиот израз на лицето доволно зборува“ .