Две снежни лавини во Турција однесоа најмалку 38 животи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку 38 лица загинаа и 50 се повредени во двете лавини кои се случија во источна Турција. Турските власти стравуваат дека бројот на загинатите ќе расте, бидејќи има исчезнати.

Првата лавина затрупала возило за расчистување снег и минибус при што загинале пет лица, додека две останале под снегот.

Преживеале возачот на возилото за чистење и седум патници во минибусот.

Околу 300 работници за вонредни состојби биле повикани на автопатот во близина на планинскиот град Бахчесарај во провинцијата Ван, кој граничи со Иран, по лавината доцна во вторникот, при што загинале пет лица. Околу пладне во средата, тимот бил погоден од втора лавина, при што загинале 33 спасувачи. Голем дел од нив останале затрупани под снегот и сега во тек е потрагата по нив, пренесе „Асошиејтед прес“.

Меки Арвас, градоначалник на Бахчесарај, рече дека осум тела на спасувачи биле извлечени од снегот на стрмната падина. Останатите спасувачи трагале по 15 колеги кои сè уште останале закопани.

Околу 30 спасувачи биле или спасени или избегале од под снегот и се хоспитализирани соопшти Министерството за внатрешни работи. Нема дополнителни информации за нивната состојба.