Властите кренале раце: Од рајско летувалиште претворено во царство на нигериската мафија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Малото некогашно италијанско летувалиште Кастел Волтурно, гратче на два часа возење од Рим лоцирано на југот од Италија, во минатото беше популарно како семеен туристички рај.

Но, денес, Кастел Волтурно е град од кој властите кренале раце. Гратчето сега е центар на организираниот криминал и сиромаштијата. Отпад и ѓубре се расфрлани насекаде, а многу од објектите зјаат испустени, пишува Дојче веле. Местото е претворено во своевиден камп за мигранти и бегалци,  јадро на нелегална проституција и центар за меѓународен шверц на дрога.

Покрај италијанската мафија, нигериската мафија се етаблира тука во последните години. Двете мафии со различно етничко потекло добро се надополнуваат. Всушност, Камора, како што се нарекува мафијата во овој дел на Италија, го оставила овој град на нигериските банди.

„Кастел Волтурно е центар на нигериската мафија и единственото место каде што можете да живеете без да бидете контролирани од никого. Тука можете да правите што сакате, без надлежните воопшто да знаат “, вели Дејвид, полициски информатор, кој зборува под анонимно име.

Нигеријците таму прават милиони, пред се преку трговија со дрога и присилна проституција. Дејвид бил еден од шверцерите на дрога. Од Еквадор, Малезија или Бразил – патувала каде и да било потребно низ Италија.

Формирањето на нигериската мафија, според некои извори, започнало во Италија, моделирана врз структурите на изворната Камора. Вработувањето се врши меѓу многубројните бегалци кои со години доаѓаат во Италија преку море.

Мафијата ги презема напуштените згради, кои сè повеќе се градат со парите од трговија со луѓе , со оружје, дрога и жени и девојчиња кои вршат проституција.