Намирници со нагласено афродизијачко влијание


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога станува збор за сексуална привлечност помеѓу две лица, нештата се едноставно – истата или ја има, или ја нема. Но, доколку постои, можете да ја стимулирате и засилите со афродизијаци од секојдневното мени на исхрана.

Еве кои намирници можат успешно да ја нагласат желбата за секс, пред се поради тоа што ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и го ослободуваат хормонот на среќа.

На прво место е ѓумбирот, кој ја подобрува циркулацијата и функционирањето на крвотокот, па со самото тоа ја зголемува и сексуалната желба.

Истото место го дели и црната чоколада, која воедно го намалува и стресот и го ослободува хормонот на среќа.

Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и протокот на крв во половите органи, па со самото тоа го зајакнува и либидото. Аспарагусот е богат со витамин Е, кој ја нагласува сексуалната желба, како и авокадото.

Уште малку па на трпезата ќе дојде и лубеницата, чии афродизијачки својства со споредуваат со оние на „вијаграта“, а сето тоа е поради тоа што добро делува на опуштање на крвните садови.