Денес започнува исплатата на повратните средства од ДДВ за второто тримесечје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Близу 4 милиони евра ќе бидат префрлени од страна на Управата за јавни приходи на сметките на околу 200.000 граѓани во рамки на втората тура исплата на повратни средства од ДДВ за второто тромесечје кое се исплаќа за периодот од октомври до крајот на 2019 година.

Претходно УЈП на околу 150 илјади граѓани им исплати 2,6 милиони евра за поврат на ддв, но за овој период се уште трае исплатата кон оние лица кои имале грешки во трансакциските сметки и потоа ги коригирале. Зголемен е интересот на граѓаните да скенираат сметки.

Само во јануари се скенирани над 15 милиони фискални што е двојно повеќе од петте претходни месеци. Наплатениот данок од скенираните сметки во јануари изнесува близу 12 милиони евра што е раст од 6,2% во однос на ланскиот јануари кога немаше ваква кампања.

Одговарајќи на новинарски прашања Лукаревска рече дека УЈП има направено контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска поради транскацијата од 250 илјади евра но деталите ќе ги соопштат по завршувањето на целата постапка.

Од УЈП уште еднаш апелираа до граѓаните кои не добиле исплата досега да ги проверат своите транскакциски сметки и ако имаат грешка да ја коригираат.