Home Вебкафе Како не му беше грев да го прави ова со Tesla (снимка)

Како не му беше грев да го прави ова со Tesla (снимка)

Давид Добрик е моментално еден од најпознатите „јутјубери“ кој е спремен на секакви потфати и дејства, па дури и уништување на скапи автомобили, само да го има врз себе јавното внимание на YouTube популацијата. Тоа очигледно добро му оди, затоа што има скоро 16 милиони следбеници, а секое негово видео има милион гледачи.

Секако, тој ги следи и сегашните трендови, па секојдневно се вози во електричен Tesla модел. Логичен избор е модниот кросовер Model X како најголем и најпрестижен претставник. Автомобилот со задоволство им го позајмува на пријателите, а во еден случај, додека возел во Лос Анџелес, овој тежок теренец успеа да се издигне и накратко да го полета истиот во воздух.

Во исто време, ова не е безбеден маневар на јавен пат, така што на крајот не беше оценет како забавен. И Елон Маск реагираше на Твитер за овој потег на Добрик со едноставен извичник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да изгледате попривлечно на фотографии – 10 едноставни совети

Време е да заборавите на „отстрани ознака“ на фотографиите од вашите пријатели! Сите имаме…