Тажна вечер во Лос Анџелес: Леброн, компанија и Лејкерс се простија од Коби


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со емотивна церемонија пред дуелот со Портланд, тимот на Лос Анџелес Лејкер му оддаде почест и се збогуваше од прерано починатиот кошаркар и нивна клупска легенда.

„Стејплс Центар“ беше преполн, настапија голем број пејачи, а збор имаше и Леброн Џејмс, кој едвај ги задржуваше солзите додека го опишуваше значењето на Коби за градот и франшизата.

Потоа имаше молчење во должина од 24.2 секунди во чест на Брајант и неговата ќерка Џиана, како и седумте останати жртви во хеликоптерската несреќа.