Последната фотографија со Коби


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


13-годишниот Брејди Смајгел можеби ја има направено последната фотографија на прерано и трагично загинатиот Коби Брајант пред хеликоптерската трагедија која се случи во неделата.

Лошото селфи на тинејџерот со кошаркарската легенда е направено во Спортската академија „Мамба“ на Коби во Лос Анџелес во саботата. Брејди и неговиот пријател Шејн Розентал дошле да го следат тренингот на ќерката на Коби, Џиана, која загина со нејзиниот татко еден ден подоцна.

Момчето тогаш го прашало Коби за друго селфи затоа што првата фотографија е нејасна, на што кошаркарот му рекол дека ќе се слика утре … ’и отишол кон хеликоптерот што го однесе дома и во кој го загуби животот следниот ден.

Мајката на Брејди изјави на Си-Ен-Ен дека момчињата се во шок и тешко се справуваат со смртта на нивниот идол. За нив е особено тешко затоа што разговарале со него неколку часа пред тоа.

Блејк Розентал, братот на Шејн, сними видео од легендарниот кошаркар во саботата на „ТикТок“. Коби на видеото е во одлично расположение и се смешка цело време.

@urboybalakayI was one of the last people to ever talk to Kobe… RIP to a legend🙏🏻 #ripkobe #rip #blackmamba

♬ Falling – Trevor Daniel