Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барањата и комплицирањето за време на снимањето на филмските сетови од холивудските филмски хитови од страна на актерските ѕвезди се честа појава во американската филмска индустрија. Славните фаци често имаат свои испади и барања од режисерите да им ги исполнуваат нивните хирови, а тоа некогаш подразбира и коренити измени на делови од сценаријата.
Додека од актерите се очекува да се држат до сценариото и да го прават тоа што ќе им биде дадено како насока, актерските ѕвезди кои доминираат со врвот од холивудската елита, некогаш си тераат по свој ќеф и отстапуваат од она кое им го кажуваат режисерите, пренесува Bright Side.
Пример, Едвард Нортон се смета за еден од најкомплицираните актери за соработка во Холивуд. Тој го има променето целиот заплет на филмот „American History X“ до таа мера, што кога ја видел крајната верзија, режисерот побарал неговото име да се тргне од листата на заслужни за снимањето на тој филм. Еве уште неколку примери дека Нортон не е единствен кој „тера по свое“.
Анџелина Џоли го променила крајот на филмот „Wanted“
Џоли сакала да исклучи секаква можност за нејзино појавување во продолжението на трилерот „Wanted“ и затоа инсистирала на тоа нејзиниот лик кој го толкува во филмот да загине на крајот. Тимур Бекмамбетов не сакал да ја изгуби актерката во првиот дел, па затоа го прифатил нејзиното барање.
Семјуел Л. Џексон не сакал да глуми во филмот ако не се вика „Snakes On A Plane“
Актерот признал дека ја прифатил улогата во овој филм само затоа што насловот му бил интересен. Кога било одлучено филмот да се преименува во „Flight Over Pacific 121“, Џексон поставил ултиматум: Или филмот ќе се вика „Snakes On A Plane“, или тој го напушта проектот. Филмската екипа, како што претпоставувате, ја исполнила желбата на актерската ѕвезда.
Шрек морал да го смени акцентот во шкотски
Мајк Мајерс, актерот кој го позајми својот глас за цртаниот лик Шрек, добил интересна идеја за карактерното дефинирање на овој необичен лик и тоа пред самиот крај на снимањето на анимираниот филм. На Мајерс му се чинело дека овој зелен џин ќе звучи подобро ако зборува со шкотски акцент. Така Мајк сакал да ја истакне разликата меѓу Шрек и останатите ликови, кои комуницирале на стандарден англиски јазик. Со цел да не го изгуби актерот кој го позајмил гласот за главниот јунак, од Dream Works мораа да се сложат со ова барање и потрошија 5 милиони долари (или 10 проценти од вкупната буџетска пресметка за филмот) за да се смени акцентот на Шрек во целиот анимиран филм.
Мишел Родригез се борела за верноста на својата хероина
Судејќи според оригиналната верзија на заплетот за филмот „Fast And Furious“, Лети требало да го предаде Доминик, но актерката Мишел Родригез била вознемирена поради таквиот заплет. Таа дури била спремна и да ја одбие улогата ако не се смени тој дел од сценариото. На крајот сите се согласиле и го прифатиле барањето од Родригез нејзината хероина да остане доследно верна.
Дензел Вашингтон бил против љубовна романса меѓу него и ликот кој го глумеше Џулија Робертс
Темнокожиот Дензел Вашингтон сметал дека за неговите обожаватели ќе биде навредлива љубовната романса во филм со девојка со бела кожа. Затоа, Вашингтон барал отстапка од заплетот каков што е во книгата на која се базира филмот „The Pelican Brief“. Режисерот морал да го прифати ова барање поради делот од договорот со Дензел во кој се потенцира дека актерот нема да прифати ништо што отстапува од неговите убедувања.
Том Круз барал повеќе време на екранот
Во оригиналната верзија од филмот „The Mummy“ времето на присуство на екранот за актерот Том Круз и за мумијата било речиси изедначено. Актерот бил вознемирен поради тоа што нема да биде главната ѕвезда на овој акционен филм и барал од режисерот да му го продолжи присуството на екранот. Во спротивно се заканил со напуштање на проектот. Авторите на филмот го прифатиле ова барање, а филмот собра голем број награди, вклучително и „Златна малина“ за најлоша машка главна улога.
Криспин Гловер бил толку незадоволен од својот текст во сценариото, што решил да молчи во цел филм
Ликот на Ентони во филмот „Charlie’s Angels“ од 2000 година не требаше да молчи во текот на целиот филм. Но, на актерот Криспин Гловер, кој го толкуваше овој лик, не му се допадна сценариото, па реши да молчи за време на целокупното филмско дејство.