Во ’70-те купил Ролекс за 345 долари – еве на колкава вредност му го проценија денес


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден тип го однесе својот Ролекс часовник во емисијата „Антиквитети“ со цел да му ја проценат неговата актуелна вредност.

Часовникот го купил во 1974 година за 345 долари. Кога му ја кажаа неговата моментална вредност, реакцијата од типот беше непроценлива. Кога проценувачот му кажа дека неговиот часовник денес вреди 400.000 долари, човекот буквално падна на земја (добро, се гледа дека одглуми, меѓутоа тоа не ја намалува вредноста на часовникот). Но, проценителот не застана тука. Поради неговата совршена состојба и зачуваност, тој процени дека овој примерок од Ролекс може да достигне сума помеѓу 500.000 и 700.000 долари, пренесува CNN.

Станува збор за моделот Ролекс Ојстер (Rolex Oyster), со број 6263. Сопственикот на часовникот откри дека го купил истиот бидејќи чул дека е добар за нуркање. Меѓутоа, бидејќ своевремено, во 1974 година, за часовникот дал една цела своја плата за да го купи со 10 проценти попуст, на крајот заклучил дека, сепак, саатот е премногу убав за да го изложува на солена вода.

Па така, наместо да го носи, истиот го чувал во сеф цели 40 години. Часовникот не само што е во беспрекорна состојба, туку сопственикот ги чува и оригиналните гаранциски документи од брошурата на Ролекс, две потврди и две оригинални кутии во кои бил спакуван неговиот Ојстер.

„Ова е феноменално откритие. Тоа е еден од најретките модели и мислам дека не постои ниту еден друг ваков на светот кој е во подобра состојба“, изјави проценувачот Питер Плејнс.