Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако Велика Британија го објави дизајнот на монетата од 50 пени, која треба во оптек да биде пуштена на 31 јануари, денот кога Британија треба да излезе од ЕУ, а на која ќе пишува „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“, со критика се огласи познатиот писател Филип Пулман.
„Неписмени!“, реагираше строго славниот автор Пулман, посочувајќи дека во реченицата фали тн. „оксфордска запирка“.
Најнова е неговата реакција во однос на монетата од 50 пени, која ќе биде промовирана на 31 јануари, а која треба да го обележи „почетокот на новото поглавје“ со заминувањето на Британија од ЕУ. На трите милиони монети стои слоганот „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“, но после „просперитет“, а пред „и“ (and), ја нема таканаречената сериска или оскфордска запирка која се користи кога се набројуваат три или повеќе елементи во реченицата.
Скандализиран од ова, Пулман повика на „бојкот од страна на сите писмени луѓе“, а него го подржаа и други писатели и интелектуалци. Критиката упатена кон новата монета доаѓа по одлуката на Банката на Англија да употреби цитат од Џејн Остин на банкнотата од 10 фунти во кој се опишува радоста на читањето, но која е изговорена од страна на женски лик во „Гордост и предрасуда“ кој само се преправа дека сака да чита за да му се приближи на посакуваниот ерген. Пред шест години пак Ирската централна банка издаде монета со извадок од „Улис“ на Џојс, со коректорска грешка.
За да укаже на важноста на спомнатата запирка, Пулман потсети на судски случај од 2017 (за којшто пишувавме во „Важноста на една единствена запирка“) кога група возачи на млекара успеаа да добијат случај за наплата на прекувремена работа, затоа што некој заборавил да ја стави потребната интерпункција во релевантната одредба.