Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Долби театараот во Холивуд се одржа церемонијална вечера на која присуствуваа сите номинирани за овогодинешните најпрестижни филмски награди кои ги доделува американската Академија за филмски уметности и науки, популарните „Оскари“.
Во друштво на холивудската и светска филмска елита присуствуваа и нашите филмаџии Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Самир Љума и Фејми Даут, кои се дружеа со филмски ѕвезди од рангот на Леонардо ДиКаприо, Роберт Де Ниро, Квентин Тарантино, Ал Пачино, Бред Пит и останатата холивудска елита.
Режисерката Тамара со јавноста на Фејсбук сподели неколку фотографии кои доловуваат еден мал дел од атмосферата.