„Кралот или кралицата доаѓа“: Најбрзиот човек на планетата ќе стане татко


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најбрзиот човек на светот, „ракетата“ од Јамајка, Усеин Болт (33), на социјалните мрежи се пофали со неговиот следен најголем животен предизвик – веста дека тој и неговата партнерка Каси Бенет ќе станат родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on

„Кралот или кралицата доаѓа“, напиша легендата на спринтот, објавувајќи слика на бремената Каси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on

Добрата вест наскоро ја сподели и девојката на Болт на нејзините социјални мрежи. Двојката е заедно од 2014 година, а Каси Бенет е четири години помлада од Болт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on

Болт во текот на неговата кариера има освоено осум олимписки златни медали и уште 11 на светските првенства. Тој го држи светскиот рекорд на 100 (9,58) и 200 (19,19) метри.

„Секогаш велев дека сакам три деца. Пред некој ден се дружев со другарка која има три деца и беше лудо. Тогаш се прашував дали навистина сакам три деца. Но, да, јас сум сепак сигурен во тоа”, изјави Болт во едно од неодамнешните интервјуа за англиските медиуми.