Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера, Советот на министри на Шпанија, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, објави шпанскиoт „Дипломат“. Сега процедурата продолжува во Парламентот на Шпанија.
Шпанија е единствената земја членка која досега не го ратификуваше Протоколот за членство за пристапување на Македонија во НАТО.
Протоколот за прием на Македонија во НАТО беше потпишан во февруари 2019 година, по што почна процесот на негова ратификација во националните парламенти на земјите членки. Во текот на 2019 пристапниот протокол го ратификуваа 28 од 29 земји членки (на Алијансата) и остана уште само Шпанија.
Одлагањето на ратификацијата во Шпанија беше последица на политичката криза во земјата.