Пуштена во употреба 1.300 километри долгата велосипедска патека што ги поврзува Англија и Шкотска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


1.300 километри долгата велосипедска патека која ги поврзува Англија и Шкотска официјално беше пуштена во употреба. Станува збор за поврзана структура на патеки кои се движат низ шумски и ридски предели, а кои нудат авантура за љубителите на велосипедизмот.

Патеката наречена Great North Trail минува низ дистриктот Peak, Yorkshire Dales и шумата Kielder во Англија, па кон Loch Lomond, националниот парк Trossachs National и Loch Nessu во Шкотска. Истата е главно вон главните патишта, низ шума и локални улици без многу сообраќај. Проектирана е како авантуристичка ридска велосипедска патека. Угорниците можат да бидат предизвик и за оние најискусните.

Според податоците на WeForum, околу 12% од возрасната популација вози велосипед најмалку еднаш седмично, а Велика Британија многу вложува во развој на велосипедизмот, со оглед дека научно е докажано дека овој вид на спортска активност придонесува за општото здравје, но има и економски предности