„360 Степени“ интервју: Светската славистка Тополињска за бугарската агресија кон македонскиот јазик


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светски признатата славистка и македонистка, 89-годишната Зузана Тополињска, испровоцирана од актуелниот агресивен негаторски  бран од бугарската лингвистика и политика кон автохтоноста на македонската јазична норма, во интервју за „360 Степени“ јавно сподели неколку свои искуства од контактите со бугарските колеги за кои смета дека се соодветна илустрација за позадината на таканаречениот спор.

89-годишната Тополињска е родена и едуцирана во Полска, а во 1983 година се сели во Македонија, по долги години соработка со колегите Блаже Конески и Божидар Видоески. Од 1996 година е редовен член на МАНУ.