6,5 милиони евра народни пари државата ќе потроши за апарати за коцкање


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државната видео лотарија на Македонија ќе потроши 6,5 милиони евра народни пари за набавка на 1.500 апарати за коцкање преку договор кој бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање.

Според пратеникот на СДСМ, Диме Велков, опозицијата обвинува без основа.

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили рече дека решение за проблемот со игрите на среќа може да се најде со поддршка на предлог-законот што подолго време се одолговлекува во Собранието.

“Законот е во постапка, ако имаме консензус за овој закон можеме да го донесеме на следната седница, доколку има предлог од пратениците можеме да го пуштиме и по кратка постапка”-изјави Реџаил Исмаили, ДУИ.

Во Собранието, повеќе од една година се одолговлекува Законот за игрите на среќа. Од Движењето против коцкање се жалат дека кај народните избраници нема интерес за решавање на проблемот.