Неколку чекори со кои можете да си го спасите телефонот ако ви падне во вода


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите чии мобилни телефони не се отпорни на вода, добро е да знаат дека, доколку се најдат во непријатна ситуација телефонот да им дојде во допир до вода или да им падне во вода, можат да си го спасат со навремена реакција.

За таа цел треба што побрзо да ги направите следните неколку чекори кои можат да ве поштедат од трошок за купување нов телефон.

Не паничете туку извадете го мобилниот од вода веднаш бидејќи колку подолгу стои во вода, толку повеќе ќе се оштети.

Исклучете го мобилниот иако ви покажува знаци дека сè уште работи.

Доколку го оставите вклучен, може да предизвика краток спој. Со оглед на тоа дека бил во вода, може да претпоставите дека мобилниот е полн со вода без оглед на тоа што и понатаму работи. Не вклучувајте го повторно за да видите дали работи.

Извадете ја сим картичката.

Отстранете ги сите дополнителни уреди кои се поврзани или се наоѓаат во мобилниот, како што се слушалки или екстерна мемориска картичка.

Извадете ја сим картичката и батеријата од мобилниот телефон и ставете ги да се сушат на пешкир.

За да откриете дали телефонот е оштетен, погледнете го индикаторот за оштетувања од вода. Тој се наоѓа во делот за батерија, зад батеријата или на самата батерија. Може да биде во правоаголна или кружна форма. Доколку сè е во ред, тој ќе биде во бела боја. Доколку ја смени бојата во црвено или розово, тоа е знак дека телефон е многу оштетен.

Сушете го телефонот што е можно повеќе.

Мобилниот телефон може да го ставите во сад со ориз. Оставете го да стои 48-72 часа. Едноставно, во поголем сад ставете 900 гр. ориз, ставете го мобилниот и батеријата.

Оризот ќе ја извлече влагата која останала во уредот. На секој час свртувајте го мобилниот во друга положба со што ќе овозможите на водата која останала во различните делови од мобилниот за да најде пат да излезе од него.

Доколку чувате мачка, може да го искористите нејзиниот песок којшто има иста моќ како и оризот.

Исто така, опција е да ја извлечете водата од уредот со помош на правосмукалка. Ова е најбрзата варијанта.

Почекајте 48 до 72 часа и тогаш вклучете го мобилниот повторно. Пред да го вклучите проверете дали е целосно исушен.