Започна судирот на Млечниот пат со галаксиите Магелански облаци – почна раѓањето на нови ѕвезди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нашата галаксија Млечен пат за околу четири милијарди години ќе се судри со познатата голема спирална галаксија Андромеда и ова е веќе познат научен факт. Но, тоа не значи дека тој ќе биде единствениот судир на нашата галаксија со некоја друга галаксија.

Не дека ние реално воопшто ќе доживееме да го видиме (прашање е дали ќе го доживееме и како вид воопшто), сепак еден друг вселенски судир во извесна мера веќе е започнат.

Магеланските облаци, или две неправилни џуџести галаксии кои орбитираат околу нашата, веќе почнаа да ни приоѓаат, и се чини дека во извесна смисла започна судирот помеѓу нашата галаксија и Големата и Малата Магеланска маглина. Имено, како последица од овој судир веќе се раѓаат нови sвезди.

Поточно, новите sвезди обично се формираат при спојување на галаксиите, а астрономите неодамна забележале млад sвезден кластер на периферијата на нашата галаксија во близина на Магеланската маглина. Областа е дом на најстарите sвезди во нашата галаксија, а експертите откриле дека ѕвездите на овој сет се составени од материјал од Магеланската маглина.

Со други зборови, претстојниот судир на нашиот Млечен пат со Магеланскиот облак веќе е започнат.

Научниците проценуваат дека LMC во моментов е оддалечена околу 163,000 светлосни години и се движи со брзина од 400 километри во секунда. Но, симулациите на астрофизичарите од универзитетот Дурам покажуваат дека Големиот Магелански облак ќе забави во еден момент, ќе се сврти кон нас и ќе се судри со нашата галаксија. Судирот треба да се случи за околу 2,5 милијарди години.

Во случај човештвото да преживее толку долго, го чека вистински спектакл.

Постои веројатност дека судирот ќе активира црна дупка во центарот на нашата галаксија и ќе започне да голта сè околу неа, зголемувајќи се за десет пати.

Научниците веруваат дека тогаш ќе има „прекрасен вселенски огномет“.

„Бидејќи се храни со околниот гас, црната дупка ќе испушти големи млазеви на радијација“, рече водачот на студијата, космологот Мариус Каутун.

„Иако овие млазеви нема да влијаат врз нас, постои мала веројатност (1-3%) дека при судир на две галаксии, нашиот Сончев систем ќе биде фрлен во меѓуesвезден простор“, додаде научникот.