Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кинескиот технолошко-телекомуникациски гигант Huawei Technologies гордо изјави дека во 2019 година оствариле рекордна добивка, и покрај бурната година во која САД и нивните сојузници го ставија на црна листа.
„И покрај концентрираните напори на американската влада да нѐ сопре, успеавме и продолживме да создаваме вредност за нашите потрошувачи“, изјави претседателот на Huawei, Ерик Ксу.
Приходите од продажбата на Huawei во 2019 година ќе достигнат 850 милијарди јуани (122 милијарди долари), што е годишен пораст од околу 18 отсто.
„Тие бројки се пониски од нашите иницијални проекции“, кажа Ксу, додавајќи дека компанијата „стои цврсто и покрај проблемите“.
Во 2018 година годишниот приход на Huawei порасна за 19,5 отсто.
Вашингтон смета дека Huawei претставува опасност за националната безбедност низ светот бидејќи кинеската влада така би можела да ги шпионира корисниците, поради што ја стави компанијата и нејзините производи на „црна листа“. Huawei тоа неколку пати категорично го демантираше.
Ксу кажа дека не очекува компанијата да биде тргната од црната листа во 2020 и предупреди дека следува „тешка година“.