Луис Хамилтон прогласен за најдобар европски спортист


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, според изборот на новинарските агенции, е прогласен за најдобар спортист во Европа на 62. избор кој го организираше полската новинарска агенција.

Во гласањето, Хамилтон беше подобар од тенисерот Рафаел Надал кој имаше 11 бодови помалку и скијачот Марсел Хиршер кој имаше 75 бодови заостанување.

Минатогодишниот освојувач на наградата Новак Ѓоковиќ овој пат заврши на четвртото место, а потоа следат Вирџил Ван Дајк и Марк Маркез.

Во првите 20 се и Лука Дончиќ (16 позиција) и Кристиано Роналдо (18 место).