Ѓоковиќ сними божиќна честитка, некои веднаш го „нападнаа“: „Не славиш ти на 7 јануари?“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ, преку видео на кое се распеа, им честиташе Божиќ на сите кои го слават денес.

Славниот тенисер сними своја видео порака на англиски јазик, која беше објавена на официјалниот Твитер профил на ATP турнирите.

Моментално вториот рекет на светот ја запеа „Џингл Белс“, за потоа на англиски да порача: „Многу здравје, среќа, љубов, радост и најдобро квалитетно време со вашите најблиски. Посакувам 2020 да биде најдобра година досега“.

Додаде дека Дедо Мраз веќе му донел некои подароци и дека се надева оти ќе ги добиете и вие. „Но, најважно е да имате чувство на среќа во срцето во овој период од годината. Уживајте“, ја заврши Ноле својата честитка.

Некои веднаш го прашаа во коментари „дали тој не го слави Божиќ на 7 јануари“, но други реагираа на тоа дека Ноле има огромен број обожаватели кои празникот го слават денес.

Според српските медиуми, Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Дубаи, каде се подготвува за новата сезона.