Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамки на денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, прв како сведок беше повикан адвокатот Сашко Бошков, кој во неговото сведочење изјави дека со обвинетиот Бојан Јовановски се сретнал два пати, пренесува Фокус.
„Првиот пат се сретнавме во февруари 2018 година, кога по неуспешниот избор во кошаркарската федерација, побаравме медиумска поддршка. Тогаш уште не беше отворена телевизијата 1ТВ, па не можеше да соработуваме. Втората средба беше во ноември, кога Боки му се јави на Владо Илиевски и го повикал во телевизијата. Кога отидовме, Боки ме праша дали се знам со Зоран Митровски, на што му одговорив дека ми е кум. Тогаш ме праша дали знам дека има неколку истраги во СЈО. Кога му реков дека е осомничен во Поштенска Банка, рече дека има уште неколку, уште четири. Ми рече дека може да помогне“ – рече сведокот.
Тогаш, како што рече тој, Боки 13 го прекинал разговорот и се јавил на телефон.
„Не знам со кого зборуваше, но се слушаше женски глас. Зборуваше дека добра и била фризурата, убаво изгледала, а за предметите не спомна ништо. Тогаш заврши и рече дека може да помогне ама треба да се плати 2 милиони евра. Тогаш на штипски му реков, ’ти разбираш ли ги парите‘, и се насмеав“ – рече адвокатот.
Тој рече дека тогаш тргнале да си одат, а во ходникот Боки 13 ги запознал со Лазар Јанев, синот на Катица Јанева. Како што рече сведокот, се мислел два-три дена дали да му каже на кумот Митровски.
„Кога му кажав беше вознемирен, по што го посоветував да го пријави случајот. Не пријави веднаш, но потоа пријави“ – истакна сведокот.