Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција која ја одржа во врска со аферата за шверц на кокаин, акција во која учество зеде и македонската полиција, објави дека македонските полициски служби, во соработка со меѓународните партнери од Шпанија и САД прекинала шверц на дрога.
Станува збор за апсењето на 18 овој месец, кога за шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија, уапсени се пет луѓе, а по две се трага. Дрогата е запленета во Шпанија, а се проценува дека нејзината вредност на пазарот би достигнала 20 милиони евра.
Во рамки на оваа истрага беше уапсена и актерката Силвија Стојановска, која доби 30 дневен куќен притвор. Според Спасовски таа помагала на криминалната група, со тоа што резервирала апартман во Мадрид и го платила со своја картична, а во името на својот партнер презела 10 илјади евра од едно лице, се претпоставува дека тие пари биле стекнати со криминални дејствија. Во Скопје е уапсен и нејзиниот партнер, водач на групата, а во Мадрид неговиот брат и уште двајца шпански државјани. Партнерот на Стојанковска веќе имал забрана за патување во странство поради претходни кривични дела поврзани со шверц на дрога. Сите се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Тие се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.
Спасовски вели дека македонската полиција се покажала како рамноправен партнер во меѓународната истрага. Тој вели дека во последните години полицијата има забележителни резултати во меѓународни истраги.