Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светски славната и врвна тенисерка Серена Вилијамс добиваше совети и тренинг за бокс од славниот бивш боксерски шампион Мајк Тајсон.
„Удри по ’крушата‘ како што сакаш да ја удираш топката“, напиша Патрик Муратоглу, тренер на Серена, кој на Твитер објави видео од сесијата со „Железниот Мајк“.
За време на нејзината кариера, Американката има освоено 23 Гренд слем турнири. Неодамна, таа играше на УС Опен, каде стигна до финалето и загуби од 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску 3-6, 5-7. На нејзиното тениско конто, Серена има 72 ВТА титули.