Швајцарските чоколади „ќе сјаат како виножито“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Швајцарските научници успеаја да иновираат начин како нивните надалеку познати и прочуени чоколади да изгледа шарено, притоа без додавање на посебни хемикалии и состојки.

Истражувачи од Федералниот технолошки институт на Швајцарија открија метод за втиснување посебни структури на површината на чоколадото што би го направило посветкаво и „да сјае како виножито”.

„На тој начин, производот ја менува бојата како камелеон“, се вели во соопштението.

„Чоколадото виножито“ е подготвено за индустриско производство, а преговорите со големите производители на слатки се во тек.