Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку изгледате постаро отколку што имате години, а и се чувствувате така, освен генетските предиспозиции, веројатно треба да земете во предвид и некои други фактори кои влијаат на таа ваша „состојба“.
Меѓу нив се вбројуваат и овие 10 навики од коишто мора да се ослободите ако сакате да изгледате помлади, а да не ставате ботокс, ниту да се подложите на козметички операции.
1.Нискокалорични диети
За да спречите појава на брчки, важно е да консумирате храна полна со омега-3 која ќе ја прави кожата мазна. Нискокалоричните диети не ја содржат оваа компонента и тоа предизвикува прерано стареење на кожата.
2. Пиење преку цевка
Кога пиете низ цевка ги собирате усните, а тоа предизвикува линии и брчки на лицето и околу устата. Истото се однесува и на пушењето.
3. Спиење на страна
Кога спиете на страна лицето ви е притиснато на перницата и тоа предизвикува и ги зголемува брчките на подбрадокот и на лицето. Според експертите, најдобро е да спиете на грб, без да го притискате лицето.
4. Лошо седење
Лошото седење го искривува рбетот, а како резултат на тоа мускулите и коските стануваат напнати, па вие чувствувате болка, дури и несвестица. Долгото лошо седење може да предизвика и траен деформитет.
5. Користете млеко за сончање и кога не сте на плажа
Преголемата изложеност на УВ зраци може да предизвика прерано стареење на кожата. Заштитете се со млеко за сончање, дури и кога е облачно бидејќи УВ зраците лесно продираат и низ облаците.
6. Преголема топлина
Преголемата топлина во просторијата во која го поминувате денот (и ноќта) го сушат воздухот, а сувиот воздух ја суши кожата.
7. Не му кажувајте НЕ на шеќерот
Знаеме дека шеќерот не е здрав за нас, ама нездрав е и стресот. Затоа, понекогаш, треба да се почестите со нешто слатко и да се чувствувате среќни.
8. Гледате премногу телевизија
Кога ќе седнете пред телевизорот знаете да останете во истата положба со часови. За здраво тело, на секој половина час станете и прошетајте се малку.
9. Не спиете доволно
На возрасните им се потребни барем 7 часа спиење секоја ноќ. Недоволното спиење ќе ве прави анемични, ќе ви го скуси животот, ќе ве прави раздразливи и нервозни. Затоа, легнувајте си порано.
10. Стрес заради лоша организација
Хроничниот стрес предизвикува сериозна штета на клетките, а тоа може да го забрза процесот на стареење. Заборавете дека утре можете да го завршите тоа што не сте успеале денес и обидете се да завршите сè на време – со добра организација и план.