Жител на Вејце со автомобил урна дел од ѕидот на тетовската касарна


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


23-годишен жител на тетовското село Вејце, откако утрово загубил контрола врз возилото кое го управувал, удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, а поради удирањето, урнат е дел од ѕидот.

„Околу 7 часот, на улица „Благоја Тоска” во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген голф караван” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.М. од тетовско Вејце, а во кое се наоѓало уште едно лице-сопатник, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски ограден sид од двор. Во несреќата нема повредени“, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.