Крадци ја „олеснија“ Тамара Еклстон за 60 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


50 минути им беа потребни на тројцата разбојници кои упаднаа во домот на Тамара Еклстон за од славната и богата наследничка на Берни и Славица Еклтон да украдат накит во вредност од околу 60 милиони евра, пренесува The Sun.

Провалниците упаднале во лондонската вила од Тамара Еклстон само неколку часа откако таа ја напуштила Велика Британија и заминала на божиќен одмор со семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Ecclestone Rutland (@tamaraecclestoneofficial) on

Грабежот ги шокирал и нејзините соседи, бидејќи сето тоа се случувало во улица во која има 24-часовен надзор и обезбедување. Мислеле дека обезбедувањето било во вилата додека се одвивал грабежот. Провалниците упаднале низ градината и веднаш се упатиле во собата каде се наоѓаат сефовите од Тамара.

Кога го завршиле грабежот, додека бегале, еден од обезбедувањето наидел на нив, но не успеал да ги спречи во бегството.

„Тамара и семејството се лути и потресени поради овој инцидент“, изјави портпаролот на богатата наследничка за британските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Ecclestone Rutland (@tamaraecclestoneofficial) on

Тамара во лондонската вила со 57 простории живее со сопругот Џеј Ратленд и ќеркичката Софија.