Минимален К-15 изнесува 1.088 денари – работниците да не се согласуваат на помалку


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минималниот износ за регрес за годишен одмор што еден приватен сопственик на бизнис може да му го исплати на свој вработен е 10.088 денари. Се апелира до работниците да не потпишуваат за добивање на помала сума од оваа.

Износот на висина на К-15 варира и зависи од просечната нето-плата во државата. Според Колективниот договор за стопанството, износот за К-15 е најмалку 40 отсто од просекот на последните три просечни плати во државата според објавените податоци на Државниот завод за статистика, но доколку работодавачот нема финансиски тешкотии. Ако, ги има, износот може да биде помал, но никако не може да биде нула. Горна граница за исплатата не постои.

Ваквата регулатива остава простор за манипулации со работничките права, но иако истите измами со години се констатираат, ништо не се менува.

Законската регулатива, пак, е ригорозна. За неисплата на К-15 казната е 4.000 евра, а ако работодавачот исплати, па потоа му побара на работникот да го врати исплатениот К-15, казната е затвор.

Од Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд, велат дека дури и ако компанијата е во загуба, некаков К-15 мора да се исплати.