Денес во Кривичен на рочиштето за „Рекет“ ќе сведочи Ана Камчева


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, денес пристигна во Кривичниот суд каде ќе седне на столчето за сведоци во рамки на случајот „Рекет“.

Пред судот денеска треба да се појави и сметководителката на Камчев, која им ги дала парите на Бојан Јовановски и на Зоран Милески Кичеец.

После неговото сведочење во рамки на судскиот процес за „Рекет“, Камчев изјави дека Бојан Јовановски, Катица Јанева, но и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова и братот на судијката Весна Димишкова, Васил, се дел од злосторничко здружение кое изнудува пари. Тој рече дека секоја реклама што одела на „1ТВ“ била од рекетирани пари и дека нема да дозволи „неговото лице, лицето на неговите деца и семејство да го гаѓаат накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева“.

Тој најави дека ќе поднесе повеќе тужби, и за тоа дека бил жртва на рекет, но и граѓанска постапка против Јанева и Јовановски со која ќе си ги бара назад 1.5 милиони евра што им ги дал.