Скопјанец уапсен поради закани по живот упатени кон премиерот Заев преку на Фејсбук


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради закани по живот како „Ќе те чекам на нишан, ќе те решам“, упатени преку Фејсбук кон премиерот Зоран Заев, полициските служби го лишија од слобода 49-годишниот М.С. од скопско Драчево.

Полицијата го приведе и секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против него за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, соопштуваат од МВР.

Премиерот вчера ги пријавил заканите по живот и Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, извршил претрес во домот на осомничениот при што се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело.
За случајот е извесетен и дежурен јавен обвинител.