Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две вооружение лица отвориле оган кон полициски службеник кој се обидел да го спречи нивното разбојништво во скопската населба Топанско поле во текот на вчерашниот ден.
„Во СВР Скопје е пријавено дека во 17 часот на улицата Методија Митевски пред продажен објект, полицискиот службеник кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Полицаецот се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош”, информира МВР.