Тимберлејк беше „жив фатен“ со колешка, па јавно се извинуваше на сопругата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


38-годишниот Џастин Тимберлејк јавно упати извинување до својата сопруга Џесика Бил, откако беше снимен како разменува нежности со колешката Алиша Ваинрајт.

Фотографиите од таблоидот The Sun покажуваат дека тие пиеле алкохол, се допирале и се држеле раце. Во моментов во Њу Орлеанс, тие го снимаат филмот „Палмер“, а снимките се направени доцна во ноќта.

„Избегнувам озборувања колку што можам, но сметам дека е важно за моето семејство да одговорам на неодамнешните гласини кои ги повредуваат луѓето кои што ги сакам. Неодамна бев ставен на остра осуда, но сакам да разјаснам, ништо не се случило меѓу мене и колешката. Пиев премногу таа ноќ и жалам за своето однесување. Посакувам да направев нешто подобро.

Тоа не е пример што сакам да му го пренесам на мојот син. И се извинувам на мојата прекрасна сопруга и семејството што ги изложив во таква срамна ситуација и се фокусирам на тоа да бидам подобар сопруг и татко. Јас сум крајно горд на мојата работа на „Палмер“, со нетрпение очекувам да продолжам да го правам тој филм и возбуден сум што луѓето ќе можат да го гледаат “, напиша Џастин во објавата на Инстаграм.