Антикорупциска следната година ќе ги „чешла“ судиите и обвинителите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од наредната 2020 година имотната состојба и конфликтот на интереси на судиите и државните обвинители ќе се најдат под истрага на Антикорупциската комисија.

Од Антикорупциска велат дека планот за проверки каде што има сомнежи веќе е скроен, но иако имаат волја за големата операција, се жалат на ограничени кадровски и технички ресурси. Бараат и соработка со останатите истражни органи.

„Испитувањето на имотната состојба е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи – ДКСК“.

Нивните анализи покажале дека правосудството подлежи на корупција, па затоа се одлужиле на ваков чекор.

Антикорупционерите бараат и конкретен план за распределба на работата, бидејќи велат бројките не се мали. Се работи за околу 600 судии, плус поротници и обвинители.

Премиерот Заев го критикува судско-обвинителскиот систем со образложение дека се е контролирано од одредени судии кои се на моќни позиции. Освен од антикорупциска, побара да се вклучат и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители кои би ја испитувале професионалноста и одговорноста при одлуките за застарени предмети.

„Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани или биле поврзани во судските постапки што ги воделе. Најавувам и институционална контрола на сите лекарски потврди издадени за домашен притвор или за привремено пуштање од затвор по кои се случило бегство“, изјави Зоран Заев – претседател на Влада.

За повикот на Заев до истражните органи се огласи и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој вели е доказ дека Владата досега не правела ништо за подобар правосуден систем.